Мкд.мк ги објавува уплатниците кои вишата обвинителка Фатиме Фетаи вчера ги покажа а се однесуваат на платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација.
На двете уплатници стои датумот 28 март, а репрезентативците за Палермо летнаа на 22 март, а за Порто на 27 март. Министерот за правда Никола Тупанчески, иако вети, вчера не покажа никаква уплатница за покривање на трошоците за престојот во Палермо од приватната трансакциска сметка.
Присуството во авионот за чартер-летот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за натпреварот на македонската фудбалска репрезентација со Италија во Палермо (24 март) на неколкумина актуелни и поранешни функционери отвори бројни морални прашања, пишува порталот кој како и многу други граѓани прашува на чиј трошок биле таму.
МКД.мк објави дека во авионот со македонските репрезентативци патувале и Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, Никола Бакрачевски, поранешен градоначалник на Охрид и член на Етичкиот одбор на ФФМ и Владо Бучковски, поранешен македонски премиер, со двајцата синови.
Целата информација на овој линк