Извршен атентат врз првиот помошник на украинскиот претседател! Напаѓачите го изрешетале неговиот автомобил (видео,фото)

Врз автомобилот биле испукани околу десет куршуми од автоматска пушка

Непознати лица пукале во возилото на првиот помошник на претседателот на Украина, Сергеј Шефир, соопшти Министерството за внатрешни работи на Украина. Политичарот не е повреден, но неговиот возач е во тешка состојба и на интензивна нега.

Реклама

Врз автомобилот биле испукани околу десет куршуми од автоматска пушка. Шериф е на безбедно место.

Возачот е на интензивна нега, во тешка состојба – пренесува весникот Страна.уа, нагласувајќи дека кон него биле испукани три куршуми.

Како што напиша пратеникот на владејачката партија Слуга на народот, Евгениј Шевченко, на Телеграм, обидот за атентат е извршен во близина на селото Лешники во близина на Киев.

Министерството за внатрешни работи на Украина на Твитер објави дека започнале специјална операција за пребарување на напаѓачите.

Шефир е долгогодишен пријател и деловен партнер на украинскиот лидер Владимир Зеленски и ко-сопственик на продуцентската куќа Студио Квартал 95.

Реклама