Група израелски приватни инвеститори инвестираат шест милиони евра во производство на (за почеток) индустриски, а потоа и на медицински канабис, во областа Епаномија, близу Солун
Канабисот ќе се извезува во најголем дел во Европа и Израел.
Првата фаза од инвестицијата, вредна еден милион евра, веќе е започната и се однесува на одгледување на индустриски коноп на површина од 40.000 квадратни метри, вклучувајќи простор за сушење суровини и складирање, а првата реколта се очекува во октомври и ноември 2021 година, јавува агенцијата АНА.
Во втората фаза од проектот, која треба да започне на почетокот на 2022 година, се планира инвестиција од пет милиони евра во формирање на единица за преработка на медицински / фармацевтски канабис.
Според информациите, оваа инвестиција ќе обезбеди постојани работни места за неколку стотици лица, со дополнително сезонско вработување, на пример за време на периодот на берба.