Изморени сме и бесни: Наставници во Франција штрајкуваат поради корона-мерките!

Наставниците во Фрацнија денеска ги напуштиле своите работни места поради, како што велат, владиниот неуспех да спроведе доследна политика кон училиштата за да ја спречи пандемијата на Ковид-19 и исправно да ги заштити учениците и персоналот од заразата.

Наставниците, родителите, како и другите вработени во училиштата имаат потешкотии бидејќи новите правила за тестирање биле најавени пред враќањето од зимскиот распуст, а од тогаш два пати се промениле.

Google search engine

“Достигнавме такво ниво на огорченост, замор и бес и немаме друга опција освен да организираме штрајк за да пратиме силна порака до владата”, рекла Елизабет Ален-Морено, главна секретарка на синдикатот на просветителите “SE-UNSA”.

Синдикатите рекле дека очекуваат дека многу училишта ќе бидат затворени во четврток и дека голем број на наставници, вклучувајќи 75 проценти од нив во основните училишта, ќе се приклучат на еднодневниот штрајк. На прекинот во работата се приклучиле и синдикатите на училишните администратори, инспектори и друг персонал.

Владата, која ја променила својата претходна политика за брзо затворење на одделенијата со случаи на зараза со коронавирус, сега стои при одлуката одделенијата да ги држи отворени колку што е можно повеќе, наведувајќи дека помалиот степен на компликации е цена која е потребно да се плати.

„Знам дека е тешко, но штрајк не го решава проблемот. Не е можно да се штрајкува против вирус“, рекол министерот за образование Жан-Мишел Бланкер за француската телевизија “BFM TV”.

Бројот на случаи на зараза во француските училишта нагло пораснал, додека земјата поставила рекорд од речиси 370.000 нови случаи во 24 часа.

“Исцрпеноста и огорченоста на целата образовна заедница достигна невидено ниво. Одговорноста во оваа хаотична ситуација во целост лежи на министерот и на владата поради постојаното менување на ставовите, неизводливите протоколи и недостигот на примерни алати за да се загарантира нормално функционирање на училиштата”, се согласиле 11 синдикати во заедничка изјава.

- АУДИО РЕКЛАМА -