Измерена највисоката температура во Европа. Не било никогаш потопло во историјата

Во провинцијата Сиракуза на Сицилија денеска е измерена температура од 48,8 степени Целзиусови.

Тоа е, како што е наведено, највисоката температура откако има метеоролошки мерења на почвата на Европа.

Google search engine

Миланскиот дневен весник Кориере дела сера објави податоци за мерењата на Агрометеоролошката информативна служба на Сицилија (СИАС), во која се наведува дека денеска во 14 часот во малиот град Флорида во провинцијата Сиракуза е измерена рекордна температура на воздухот од 48,8 степени Целзиусови.

Претходниот официјален рекорд го држеше Атина, каде што беа измерени 48 степени во 1977 година, а 48,5 степени беа измерени на Сицилија во септември 1999 година, но тоа мерење не беше официјално потврдено како рекорд.

Дури и денешниот рекорд на Флорида се уште не е официјално потврден, бидејќи експерти од Светската метеоролошка организација треба да го сторат тоа. Флорида и внатрешноста на провинцијата Сиракуза се сместени на посебно место кое поради својата специфична положба и географска конформација дополнително ја крева температурата на највисоки вредности.

Само десет километри од Флорида, температурите се до 10-12 степени пониски, а експертите објаснуваат дека многу високите температури во Сицилија, во централна и јужна Италија, а понекогаш и на север, се под влијание на воздушната струја што доаѓа од Сахара.

Црвениот метеоролошки аларм ќе биде на сила утре во десетина италијански градови, а в петок во 15.