“Изгледа како да ти е ќерка”

Ѕвездата на серијата “Game of Thrones”, Хафтор Бјорнсон (29) повторно го исмеваат на социјалните мрежи поради фотографијата која ја објавил со својата девојка, терапевтка и вљубеничка во фитнес – Келси Хенсон.

Исланѓанецот е во врска со Хенсон од септември минатата година, а на луѓето им е смешно да ги гледаат заедно поради разликата во нивната висина. Многу обожаватели коментираат дека неговата девојка изгледа како да му е ќерка. 

Google search engine

 

Имено, Хафтор е висок 206 центиметри, а Келси со своите 158 центиметри висина не му е ни “до рамена”. Неговата девојка вели дека кога сакаат да се бакнат, тој мора да се наведне, а таа се поткрева на прсти.

“Или едноставно му кажувам да ме подигне во раце, поинаку нема смисла”, објаснила Келси. Бјорнсон е официјално најсилниот човек на светот, но тоа не ги спречува “храбрите обожаватели” да му испраќаат негативни и навредливи коментари.

 

Тор со години се натпреварувал за титулата “најсилен човек на светот”. Пред осум години, тој бил на шестото место, а во 2012, 2013 и 2015 година го освоил третото место. На второ место бил во 2014 и 2016 година.

Поранешниот кошаркар следниот месец започнува со снимање на осмата сезона на серијата “Game of Thrones” во која се појавува во улога на Грегор Клегејн – Планината.

 

Бјорнсон ја преземал улогата на Грегор во четвртата сезона од серијата, откако во првата сезона го глумел актерот Конан Стивенс, а во втората сезона – Ијан Вајт.