Избила тепачка во кралскиот двор: Вилијам и Кејт бесни на Хари – ги открил нивните тајни

Иако мемоарите на принцот Хари излегоа уште пред неколку месеци, вревата околу нив уште не стишува.

Имено, обвиненијата кои тој ги изнел, сè уште „бодат“ некои членови на кралското семејство.

Google search engine

Принцот Вилијам и принцезата Кејт се наводно бесни на војводата од Сасекс поради тврдењата кои ги изнел во автобиографијата насловена „Spare“. Неговите мемоари беа објавени во јануари 2023.

Том Квин, авторот на книгата „Позлатена младост: интимна историја за растењето во кралското семејство“, изјавил дека парот не е воодушевен од описот на Вилијам во книгата на неговиот брат, посочувајќи:

„Ги имам интервјуирано луѓето кои работеа за Хари и Меган кога беа во Англија. Ги интервјуирав и луѓето кои работеа за Кејт и Вилијам. Велат дека зад затворени врати има многу повеќе тензија од тоа што е прикажано во јавноста.“

Едно од тврдењата кое најмногу го вознемири кралското семејство, а посебно Кејт Мидлтон, е обвинението дека Вилијам и Хари физички се пресметале.

„Браќата постојано се караат“ – изјавил Том и додал:

„Вилијам е навистина лут поради одлуката на Хари да ги дели најинтимните тајни со целиот свет.“

Физичката пресметка наводно се случила поради Меган. Принцот во своите мемоари напишал дека Вилијам ја опишал Меган како „тешка, непристојна и груба“. Принцот од Сасекс бил премногу навреден од ова, па објаснил дека неговиот брат само „папагалски го повторува наративот на жолтиот печат“ за неговата жена.

Хари наводно тепачката ја опишал многу детално, рекол дека Вилијам го „фатил за крагна и му го скинал ланчето, а потоа го бутнал на подот.“

Мемоарите фрлија многу лошо светло на кралското семејство и ќе требаат години за да се „измие“. Интересно е дека Хари напишал дека неговиот татко, кралот Чарлс, многу пати се шегувал дека тој не е негов син, па себе си се нарекол „резервно дете“ од каде и книгата го добила својот наслов. Насловот на книгата потекнува од фразата „The Heir and the Spare“ што претставува фраза која се користи за децата на кралското семејство од кое едното е престолонаследник, а помладото е „резервно-spare“ кое би го преземало тронот доколку нешто се случи со постариот.

Вилијам и Кејт исто така би можеле да се навредат од некои делови во книгата, како на пример делот каде пишува дека Кејт ја расплакала Меган поради фустанот за деверица. Хари исто така ги обвинил нив двајца за одлуката да облече нацистичка облека на костимографската забава во 2005 година. Војводата од Сасекс напишал дека парот се „убил“ од смеење поради неговиот избор на костим.

За потсетување, Хари и Меган се повлекоа од кралската должност во 2020 година и заминаа за Канада да започнат нов живот. Истата година се преселија во Санта Барбара во Калифорнија. Парот има две деца, Арчи и Лилибет.