Ивана Банфиќ по земјотресите кои утрово ја потресоа Хрватска: „Излеговме во дворот голи и боси…“

Пејачката Ивана Банфиќ (51) со своето семејство, сопругот и синот живее недалеку од епицентарот на земјотресот, во Стара Дренчина на 11 километри од Петриње.

Пејачката се огласи по повод земјотресите кои утрово ја потресоа Хрватска:

Google search engine

„Малку сме преплашени, но ќе помине. Спиевме, па нè пробудија потресите. Скокнавме од креветите. Не можам да проценам колку траеше, но многу силно се почувствува. Излеговме во дворот голи и боси. Во дворот имаме два стари ореви, а дрвјата се тресеа – немаше ветер“, изјавила пејачката.

Таа потоа прокоментирала дека најмалку се исплашил нејзиниот син:

„Син ми најмалку се исплаши, од децата треба да учиме како да живееме. Внатрешноста на куќата е во ред, сега треба да погледнеме наоколу. Живи и здрави сме, тоа е најважно“, изјавила пејачката.