Иван, преживеаното момче на Халкидики, во интервју за грчките медиуми еден месец по хоророт

30-годишниот Иван од Скопје, кој пред еден месец заедно со своите пријатели исчезна на отворено море од плажата Мити на Халкидики, за грчката телевизија СКАИ ја раскажа својата потресна приказна за преживувањето и спасувањето.

Воедно, неговиот пријател, 31-годишниот Мартин Јовановски, сè уште не е пронајден и покрај големата потрага која се водеше по него.

Google search engine

„Вториот ден кога видов дека сите бараат на погрешни места, тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат“, открива Иван за медиумот.

30-годишникот повеќе од 20 часа поминал во море, сам и беспомошен.

„Тоа беше најлошиот роденденски подарок“, признава тој за грчката телевизија СКАИ.

Еден месец подоцна, во разговор со новинарот Христос Николаидис го опишува хоророт, кога струите го носеле од плажата Мити до Посеиди на Халкидики каде го прославувал својот роденден.

 

„Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрате на својот опстанок“, вели Иван.

Сепак, водна топка му го спасила животот.

„Да, најдов мала топка, детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето“, вели Иван.

„Само благодарам, вистинска благодарност до сите што учествуваа во моето спасување без разлика на нивната улога“, изјавува Иван, сеќавајќи се како се чувствувал кога сфатил дека хеликоптерот што лета над него го забележал.

Кратко по исчезнувањето на 9 јули од морето е извлечен неговиот пријател Васил, а потрагата по Мартин Јовановски официјално, од страна на грчката крајбрежна служба ОФКАТ, прекина пред десетина дена, но пријателите не се откажуваат и остануваат да го бараат по бреговите на Халкидики.