Италијански фудбалер ја претепал до смрт својата девојка: Нејзините последни зборови се морничави

Италијанскиот фудбалер Џовани Падовани до смрт ја претепал својата поранешна девојка Алесандра Матеучи, по што добил кривична пријава.

Италијанскиот фудбалер Џовани Падовани е обвинет за убиство на својата девојка Алесандра Матеучи и со тоа ја шокираше јавноста.

Google search engine

Имено, фудбалер кој вообичаено настапува за нисколигашки италијански клубови, до смрт ја претепал својата девојка, откако таа го пријавила во полиција за малтретирање.

Двојката била во емотивна врска една година, по што Алесандра решила да го остави. Инаку, таа е 30 години постара од него.

По раскинувањето, фудбалерот бил опседнат со неа и ја малтретирал со пораки и повици, а тоа траело со денови, поради што Алесандра се обратила во полиција, пренесува „Mundo Deportivo“.

Алесандра живеела во Болоња, каде што фудбалерот отпатувал за да ја најде и да се „пресмета“ со неа. За тоа побарал и ослободување од клубот, односно слободен ден за да може да оди кај несреќната девојка.

Фудбалерот физички ја нападнал Алесандра, која во тој момент зборувала на телефон со нејзината сестра. Сестра ѝ подоцна сведочела и открила дека Алесандра плачела, изговарајќи ги потресните зборови: „Не, Џовани, не, те молам, помош“.

Повикот потоа бил прекинат, а сестра ѝ повикала полиција. Кога дошле на лице место, Алесандра сè уште била жива, но со тешки повреди, на кои им подлегнала по пат до болница.

За ситуацијата да биде уште побизарна, Падовани на јавноста ѝ се претставил како активен борец против семејно насилство, па така во ноември минатата година учествувал во кампања која имала за цел да спречи насилство врз жените.