Истражување: Имунитетот на Ковид-19 трае најмалку 5 месеци, а потоа…

Загрижува фактот дека лицата со антитела може да бидат потенцијални “преносители” после одредено време.

Лицата кои го прележале коорнавирусот најверојатно барем пет месеци ќе имаат имунитет, но постојат докази и дека лицата со антитела може да го имаат и да го шират вирусот, покажало најновото истражување на британските научници.

Google search engine

Истражувањето кое го објавиле научниците од Јавно здравје на Англија (PHE) покажало дека таквите инфекции се многу ретки, пренесува “Reuters”.

Меѓутоа, експертите предупредуваат дека лицата кои го прележале вирусот во првиот бран на почетокот на 2020-та година можат повторно да се заразат.

“Знаеме дека оние кои ја прележале инфекцијата имаат антитела и дека се заштитени од повторна инфекција, но не во целост и не знаеме колку долго трае таа заштита. Постои ризик повторно да се заразат, но да не развијат тежок облик на болест, а да ја пренесат на други”, изјавила советничката при PHE Сузан Хопкинс, која е ко-автор на истражувањето.

Истражувањето е вршено од јуни на десетина лица кои го прележале коронавирусот.