Истражување: Д-р Чанг објаснува зошто ковид-19 за еден дел од луѓето е поопасен отколку за останатите

Помеѓу сето тоа што не го знаеме за коронавирусот, едно прашање се наметнува од самиот почеток – зошто оваа болест е поопасна за старите отколку за младите луѓе?

Новото истражување укажува дека објаснувањето за тоа можеби се крие во историјата на самата болест.

Имено, наместо да понуди барем некоја нова заштита од новата болест, претходното изложување на сличните вируси всушност може да ја намали јачината на имунолошкиот одговор.

SARS 1 од истото семејство вируси бил уште посмртоносен од ковид-19, но помалку заразен. Од друга страна поголемиот дел од останатите вируси од групата на коронавирусите не предизвикуваат ништо посериозно од настинка ниту пак по симптомите се разликуваат од вообичаените риновируси, пренесува „IFL Science“.

Поголемиот дел од нас прележале многу од тие „мали“ коронавируси, а колку човекот е постар толку повеќе вируси прележал.

Многу лаици заклучиле дека таквата изложеност на вирусите создала антитела за борбата против ковид-19.

Меѓутоа, д-р Ејми Чанг од Институтот „Peter Dohery“ истакнува дека главниот интерес на вирологијата за таквите антитела всушност бил да открие дали можеби тие се виновниците за лажно позитивните резултати при тестирање на ковид-19.

„Пред почетокот на овој проект претпоставувавме дека причините за разлика во имунолошките одговори на ковид-19 биле тоа што децата веројатно неодамна биле изложени на сезонски вирус и поради тоа имаат одреден имунитет за заштита од ковид-19. Но, всушност е обратно. Постарите лица имаат постари антитела (познати како IgA и IgG) што укажува на повторна изложеност на коронавирус. Нивниот имунитет ја задржува имунолошката меморија и веројатно ја препознава како ковид-19, како помалку сериозен коронавирус, па поради тоа не успеале да развијат можен имунолошки одговор“, објаснува д-р Чанг.

Поради тоа што во текот на животот почесто се сретнал со „лажни аларми“, имунитетот навикнал дека коронавирусите не се сериозна закана, па тој е „изненаден“ кога инфекцијата која што изгледа слична на претходните е – смртоносна.

Чанг и нејзините соработници објавиле извештај во магазинот „Nature Communications“ со напомена дека резултатите не се конечни со оглед на тоа што студијата била спроведена на само 50 ковид позитивни пациенти и 244 здрави пациенти.

Од друга страна, некои аспекти од ова истражување се потврдени со меѓународни студии.

Заклучокот на оваа докторка се поклопува со се попопуларните објаснувања поради што класичниот грип најтешко ги погодува најстарите. Не станува збор за тоа дека имунитетот „пропаѓа“…

„Фокусот треба да биде на што поскора вакцинација“, додава д-р Чанг.

Таа додала дека детскиот имунитет не само што го блокира вирусот туку и го отфрла од телото, а тоа е дел од капацитетот на имунитетот кој што со текот на стареењето се губи.

„Поголем дел од студиите за вакцините се занимаваат со одговор на антителата, а не со тоа дали истите го исфрлаат од телото. Тоа е нешто кое што треба да се процени кај вакцинираните луѓе“, изјавила оваа научничка за „IFL Science“.