Истрагата на СЗО откри дека нивните хуманитарци сексуално злоставувале жени и девојки

Истрага на СЗО покажа дека за време на епидемијата со ебола во Конго, персоналот на СЗО сексуално злоставувал жени и девојки.

“Срцето нѝ е скршено”, изјавија од СЗО после истрагата која откри дека голем број на жени и девојки биле жртви на сексуално насилство од страна на хуманитарните работници за време на епидемијата со ебола во Конго во 2018-2020 година.

Google search engine

Генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гребрејесус и регионалната директорка за Африка, Матшидисо Моети биле запрепастени, им било срам и им се скршило срцето од морничавиот извештај на комисијата.

Комисијата испитувала 80 случаеви, девојки и жени на возраст од 13 до 43 години и идентификувала 21 вработен во ОН кои силувале, сексуално злоставувале и малтретирале пациентки. Во извештаите се наведува дека нивните напади резултирале со 29 бременосит и дека во некои случаеви било инсистирано на абортус. Станува збор за локален и меѓународен персонал.

Западните извештаи пренесуваат дека четири лица се отпуштени, а две испратени на отсуство после состанокот зад затворени врати во Женева.

Со истрагата е утврдено дека поголемиот дел од жртвите биле ранливи, често во тешки економски ситуации и дека наместо да им биде пружена помош, тие биле малтретирани.

“Жал ми е. Жал ми е што ви го направија тоа луѓе кои работат за СЗО и кои требаше да ви помагаат и да ве заштитат. Жал ми е за страдањето кое овие настани го предизвикаа. Жал ми е што повторно мора да поминувате низ тоа во разговор со комисијата. Ви благодарам на храброста”, рекол Тедрос.

Медиумите со месеци известувале за сексуалнотозлоставување кое го вршат членовите на СЗОпа дури сега комисијата да го разоткрие цел случај.

Утврдено е дека луѓето кои работеле во амбулантите и хуманитарните организации барале сексуални услуги во замена за контакт со докторите, дека им се заканувале на жените дека ќе останат без работа ако не се согласат и дека имало и директно силување.

Ова не е единствен скандал во кој се вклучени хуманитарците, луѓето кои треба да им помогнат на другите. После земјотресот во Хаитиво 2010 година имаше случаеви каде мировници на ОН беа вмешани во злоставување.