Историски момент! Сондата на NASA првпат го „допре“ Сонцето (Фото/Видео)

Сондата на NASA, „Parker“, првпат го „допре“ Сонцето, пробивајќи се низ неистражената сончева атмосфера позната како сончева корона.

Научниците оваа вест ја објавија вчера доцна вечерта во текот на состанокот на Американската геофизичка унија.

Google search engine

Сондата поминала низ сончевата корона во април, во текот на осмото приоѓање на Сонцето, а на научниците им требале неколку месеци за да ги добијат податоците назад и уште толку време за да ги потврдат, пренесува „BBC“.

Лансирана во 2018 година, сондата „Parker“ била 13 милиони километри од центарот на Сонцето кога првпат ја преминала границата меѓу соларната атмосфера и соларниот ветер.

Леталото три пати понирало во сончевата корона и се враќало, велат научниците.

„Бевме пет часа под површината на сончевата корона. Можеби мислите дека пет часа не звучи многу“, вели експертот од Универзитетот Мичиген, Џастин Каспер.

Тој исто така додал и дека „Parker“ се движел толку брзо што поминал големо растојание движејќи се со брзина од 100 километри во секунда.

 

„Parker“ ќе продолжи да му приоѓа уште поблиску на Сонцето до 2025 година.

„Исто како што слетувањето на Месечината им овозможи на научниците да разберат како таа е создадена, допирањето на Сонцето е џиновски копнеж на човештвото да помогне во откривањето на клучни информации околу нашата најблиска ѕвезда и нејзиното влијание врз Соларниот Систем“, изјавил Никола Фокс, директорот на одделот за хелиофизичка наука на NASA.