Историчарка распали по идната премиерка, открила детаљ кој никој не го забележал: Мелони има таен план, го крие вистинското лице!

Победата на Џорџа Мелони на неодамнешните избори во Италија крена голема прашина. Некогашната припадничка на неофашистички организации ќе биде првата жена премиер во италијанската историја и тоа во влада која е најдесна од Втората светска војна.

Џорџа Мелони, лидерка на партијата Браќа на Италија, со политика почнала да се занимава многу рано. Веќе на 15 години пристапила на Младинскиот фронт на профашистичката организација „Movimento Sociale“, а по 30 години активен политички живот, водејќи ја партијата „Frateli d’Italia“ во коалиција со уште три десничарски ќе биде првата жена на чело на италијанската влада, и тоа најдесна од Втората светска војна.

Google search engine

Жена, мајка, христијанка

Наглиот подем на Џорџа Мелони можел да се почувствува пред две и пол години, на митинг пред базиликата Свети Јован во Рим. „Јас сум Џорџа, јас сум жена, јас сум мајка, јас сум христијанка“, рекла тогаш Мелони. Во тие зборови на некој начин е собрано тоа што е основа на нејзината политика, која ја нарекуваат популистичка, радикално конзервативна, па профашистичка – борба за таканаречени традиционални вредности, под кои се кријат многу работи. На пример, одбивањето да прифати дека позицијата на ЛГБТ заедницата е прашање за права и слобода, а не на морал и сексуалност, по што е на иста линија со Римокатоличката црква; протерувањето на мигранти; екстремно конзервативните погледни на општеството; тврдата национална политика отсликана во слоганот на партијата – „За Италија“ во предизборната кампања, како и тоа постарото „Бог, татковина и семејство“, кое го употребуваат бројни тврди конзервативци секаде на светот, а го користел и Бенито Мусолини.

Американската историчарка Рут Бет Џиат, авторка на книгата „Силен човек Мусолини“, тврди дека Мелони сака да се претстави како конзервативка и десничарка, но дека таа всушност е наследник на политиката на Мусолини и тврдокорен неофашист.

Медиумите ја „перат“, а таа е чист фашист

„Нема ништо конзервативно во појавата на Џорџа Малони, ниту во нејзината партија Браќа на Италија. Нејзината партија е формирана во 2012-та година, кога Берлускони направи фузија со други парламентарни партии, така што не постоеше адекватна десничарска партија. Така Малони исплива, како нов предводник на десничарите и неофашистите, бидејќи тука остана празно место“, смета Џиат, која вели дека Мелони цел живот се подготвувала за овој момент.

„Мелони се претставуваше себеси како тврд неофашист, беше многу агресивна и со милитантни ставови. Таа целиот живот, уште од својата 15-та година, се стреми кон тоа да биде на чело на една ваква политичка организација. А на политичкиот пат во оваа насока тргна во 90-тите години, кога ја предводеше неофашистичката младинска организација. Ако го погледнете логото на нејзината партија, ќе видете дека е употребен мотив од пламен во трите бои на италијанското знаме, што е оригиналното лого на неофашистичката партија, која е основана откако Мусолини е убиен, а неговата партија забранета. Таа и натаму инсистираше тој пламен да остане како симбол на партијата, бидејќи нејзината цел е да тргне во напад и да го унапреди наследството на фашизмот, што јасно можеше да се види и по пораките кои ги праќаше до постарите членови на својата партија, велејќи: Сите ние сме наследници на Дуче. Минатите денови слушнавме многу „перење“ на нејзината биографија, за тоа како таа е конзервативка, но на основа на сето тоа, јасно е дека таа е фашист“, рекла Џиат во утринската програма на „MSNBC“.

Околу неа има расисти и криминалци

Историчарката укажува на фактот дека Мелони се опкружила со луѓе кои досега јасно го демонстрирале својот став кон мигрантите и се истакнале со расистички изјави, што исто така отсликува во која насока ќе се движи и политиката на Мелони како идна премиерка.

„Силвио Берлускони, кој беше премиер неколку пати и кој сега е дел од нејзината коалиција, осуден криминалец, беше првиот што ги демонизираше мигрантите во сите свои мандати како премиер. А Салвини, нејзиниот втор коалициски партнер, своевремено повикуваше на масовно чистење на мигрантите. Кога околу себе имате луѓе кои активно промовираат расизам и насилство над мигрантите, тогаш тешко можете да останете во политичкиот центар“, смета Џиат.

- АУДИО РЕКЛАМА -