Исповед на платен убиец: Седнав зад човекот, се смеевме, ставив куршум во цевката и…

Џон Алајт бил платен убиец. И тоа не било каков платен убиец. Работел за семејството Гамбино, една од најмоќните мафијашки организации во Њујорк.

“Пораснав во типично албанско семејство. Се занимавав со спорт и боречки вештини. Мојот татко сакаше бокс. Тој во САД дошол од Албанија во време кога таму на сила бил комунистичкиот режим. Се “скрасил” во Њујорк. Во тој град имаше пет главни семејства. Семејството Гамбино беше едно од најмоќните. Како дојдов во контакт со нив? Па, еден од членовите на тоа семејство беше мој тренер по бејзбол”, ја почнува својата приказна Алајт.

Тогаш почнал да се занимава со ликвидации, а попатно бил тука и да претепа некој доколку било потребно.

“Тепав со бејзбол палка, нормално. Обвинет сум за ранување на 60 луѓе, што мислам дека е преувеличена бројка. Не знам точно колку луѓе убив. Но, верувам дека се повеќе од 12. Повредување и убивање – тоа беше дел од мојот живот. Регуларна работа. Сакав да бидам најдобар во својата работа, да бидам респектиран и да заработам многу пари. Сите кои се занимаваат со гангстерската работа го сакаат тоа. Интересно е што моите пријатели, кога бевме деца, беа поопасни од мене. Но, како растевме, јас ги надминував. Станав многу поопасен но и многу поинтелигентен. Јас пораснав покрај Енди Руџијани Дебелиот кој ме научи да бидам тие работи, но и да бидам суров”, рекол Алајт.

Вели дека се почнало кога Џон Готи барал да почне да убива за него: “Ако одбиев, тој ќе ме убиеше мене”, рекол Алајт и додал:

“Велат дека кога си на улица не си свесен дека ќе мораш да ја платиш цената за животот кој го водиш. Тука мислам емоционално и физички. На 19 години прв пат ме избодеа со нож. Имам околу 120 конци по градите и околу 80 на главата. Но таков е тој живот. Го прифаќаш насилството и почнуваш да прифаќаш да играш рулет со својот живот. И тоа без претерано каење. Едноставно мислиш дека си непобедлив. Океј, убиваш, тепаш, им нанесуваш болка на други, но тоа кога тогаш ќе остави последици на тебе. Сите тие убиства и ранувања кои ги вршев. Се сеќавам дека обвинителите велеа дека по убиствата сум одел ноншалантно на ручек или на плажа. Бев бесчувствителен”.

И ден денеска се сеќава на едно свое убиство.

“Мета ми беше Џорџ Грасо. Еден од дилерите. Планот ми беше да го опијам, да се опушти, за да немам проблеми во текот на ликвидацијата. Седев на шанкот и во еден момент влегува Грасо. Го гледам и му кажувам да дојде, да ни се приклучи на пијалак. Ми кажа дека мора да си оди порано.

“Па ајде, нема да те убие еден пијалак”, му реков.

Кога го испи првиот пијалак знаев дека го имам. Подоцна добро се опијани и сакаше да продолжи со забавата. Седнавме во автомобилот, а јас седнав зад него. Така ми беше најудобно да го изберам најдобриот момент да му пукам во глава, вели Алајт.

Се возеле некое време.

“На патот нема никој. Тој се смее, јас се смеам. И во текот на нашите шеги во мозокот ми се јави мислата – чекај, дали јас ова навистина ќе го направам, дали навистина ќе му го одземам животот? Другата страна од мене вели – вети, ако не ја извршиш наредбата, некој ќе те убие тебе. Нервозен сум. Се прашувам дали можам да го направам тоа. Ставам куршум во цевката. Да пукам или не. Ќе го убијат вака или така. Не сакам да ме ликвидираат поради него. Го кренав пиштолот, го насочив кон неговиот тил и само пукав. Никој не кажа ништо. Помислив – мртов е, навистина го убив. Сега кога ќе размислам, тоа беше најголема грешка во мојот живот. Со тој куршум го уништив и својот живот”, рекол Алајт.