Исповед на член на најтајната украинска специјална единица: “Сите сме Руси, но не сме платеници” – Нив ги нарекуваат….

Игор Волобујев се придружи на легијата на Руси кои сакаат да ја победат својата татковина и евентуално да го симнат од власт Владимир Путин.

Штом ја добил униформата на украинската војска и со неа прошетал низ Киев, 50-годишниот Игор Волобуев се почувствувал како неговиот живот конечно да има смисла, пишува The Guardian.

Google search engine

Поранешниот потпретседател на Гаспромбанк, третата по големина руска банка, со недели се обидува да ги убеди украинските власти да му ги дадат потребните документи и да му дозволат да се бори против земјата во која го поминал најголемиот дел од својот живот.

“Штом изби војната, веднаш знаев дека сакам да ја бранам Украина“, рече Волобуев.

Прво сакав да се приклучам на единиците во регионот Суми, регионот каде што пораснав. Стапив во контакт со многу функционери и владини претставници, но како Русин не можев да се борам таму. Законите тоа не ми го дозволуваа – додаде поранешниот потпретседател на Гаспромбанк, третата по големина руска банка.

На Волобуев наскоро му беше дадена можност да се приклучи на легијата чије име беше “Слобода за Русија” (СЗР), специјална воена единица која е дел од вооружените сили на Украина и чии што припадници се исклучиво руски граѓани.

Волобуев рече дека со две раце ја зграпчил можноста, а во саботата преку видео порака објави дека преминал во СЗР.

Многу ми е драго што ја постигнав првата цел. Сега треба да поминам брза воена обука за да можам навистина да одам на бојното поле. Не можам да застанам на половина пат, рече Волобуев.

Поранешниот банкар има украински корени, но има руски пасош и поголемиот дел од својот живот го поминал во Москва. Тој е еден од неколкуте познати руски дезертери/дисиденти кои ја осудија инвазијата на Украина.

Бидејќи беше еден од највисоко рангираните луѓе во Гаспромбанк, банка во сопственост на енергетскиот гигант Гаспром, компанија чиј извршен директор Алексеј Милер е близок со рускиот претседател Владимир Путин, неговото бегство ја шокираше руската јавност.

Долго време се согласував на компромиси… Сепак, на 24 февруари, денот кога Русија ја нападна Украина, секакви дискусии за компромиси станаа невозможни. Не би можел да бидам дел од тоа злосторство – рече Волобуев.

Не се знае многу за СЗР. Веста дека е формирана е објавена на 12 март на комуникациската апликација Телеграм. Некои од нејзините членови одржаа прес-конференција на почетокот на април во Киев. СЗР често на Телеграм објавува слики од воени вежби во кои учествуваат нејзините членови.

Бев познат во јавноста, па можев да зборувам – рече Волобуев.

Другите членови навистина не можат да зборуваат за СЗР поради прашањето за безбедноста на нивните семејства. Затоа групата е толку мистериозна – додаде Волобуев.

Волобуев не сакаше да каже колку луѓе служат во СЗР и каде се борела досега легијата, но рече дека често се борела. Тој нагласи дека легијата “не е група на платеници”, туку дел од вооружените сили на Украина и дека затоа Русите мора да дејствуваат во согласност со правилата на меѓународното право во случај истите да бидат заробени.

Грбот на единицата е на униформата на Волобуев. Бело-синото знаме што го носат Русите во Русија и во странство и истото се носи на протестите против војната во Украина. Наликува на руското знаме, но црвената боја е заменета со бела за, како што вели Волобуев, да не личи на “крв и насилство”.

Додека Волобуев го крена оружјето за да ја одбрани својата татковина, поранешниот банкар рече дека другите членови на единицата сакале да ја сменат власта во Москва.

“Колку што видов станува збор за група на исклучително мотивирани Руси кои веруваат дека поразот на Русија во војната е единствениот начин да се претвори во демократска и цивилизирана земја” – рече Волобуев.

Друг припадник на единицата, кој на новинарите им се претстави како “Артјом”, рече дека се приклучил на СЗР бидејќи “тоа е единствениот начин да се собори режимот што владее со Русија” и додаде дека до 2020 година, кога ја напуштил земјата, бил дел од опозицијата.

Тој рече дека се преселил во Украина непосредно пред почетокот на војната, бидејќи чувствувал дека Русите можат да го нападнат нивниот сосед.

“Ја сакам мојата татковина. Посакував ова да не се случеше, но мораме да ставиме крај на овој систем. Се надевам дека по војната ќе можам да се вратам дома” – изјави Артјом.

Други Руси пак најдоа алтернативни начини да им помогнат на Украинците.

Максим Мотин, поранешен опозициски политичар од Москва, кој живее во Киев во последните четири години, иницираше производствени капацитети во кои се произведуваат оклопи и шлемови за украинските војници.

Оклопот беше барана роба на почетокот на војната. Досега направивме повеќе од 700 панцири и многу шлемови – рече Мотин и додаде дека производствените капацитети се наоѓаат во Лавов.

Мотин рече дека со години се обидувал да ја промени Русија одвнатре, но рече дека на крајот морал да ја напушти земјата бидејќи добил закани од руските безбедносни служби.

Кога се покрена прашањето за снабдување на украинската армија со потребните залихи кои им требаат, тој рече дека не се двоумел ни секунда и дека веднаш тргнал да и помогне на Украина.

Мотин рече дека против него во Русија се покренати две обвиненија и дека во едно е обвинет за финансирање тероризам.

Не сум поврзан со суровиот руски режим и со некој кој ја поддржува војната. Верувам дека Русија мора да загуби и тоа на бојното поле – заклучи Мотин.