30-годишната Миа Малкова е една од најпопуларните порноактерки, поради што добила и бројни награди во индустријата на филмови за возрасни, но и 11 милиони фанови на Инстаграм. Таа сега е во среќна врска, а претходно била омажена за колега порно актер.
Тој брак не завршил славно, а Миа открила и зашто.
„Причината поради која бев толку несреќна е бидејќи имавме сериозен проблем со интимата. Тој никогаш не сакаше да има секс со мене и тоа траеше со години“, признала Малкова.
View this post on Instagram
Миа додала дека таа е многу романтична и дека многу го сакала, како и дека сопругот и бил најдобар пријател.
„Бев во фазонот – само твоето мислење ми е важно, ти си единствена личност со која сакам да имам секс. Но, фактот дека тој не го сакаше тоа со години направи да се чувствувам како да не сум секси и убава“.
View this post on Instagram
И покрај тоа што насмеано позирала пред камери, Миа вели дека нејзината кариера во порноиндустријата почнала сериозно да влијае на нејзиниот брак.
„Тој никогаш не сакаше да ми дада комплимент или да направи да се чувствувам убаво, бидејќи и тој се чувствуваше несигурно. Единствено имавме секс кога снимавме заедно. Ќе минеше повеќе од еден месец, а тој не ми приоѓаше“.
Порноактерката вели дека поради тоа постојано плачела и дека на сопругот му кажала дека го сака, но дека не е среќна и дека тука ништо нема да се промени. Двајцата на крајот се развеле во 2018-та година, откако сите обиди да го спасат бракот паднале во вода.
Инаку, многу порноактерки признаваат дека постојаниот секс пред камера им претставува голем проблем во приватниот живот, односно дека чинот на односите за нив престанува да биде интимен.
View this post on Instagram