Мустафа Сандал, турски пејач и поранешен сопруг на Емина Јаховиќ, во петокот застана пред матичар со неговата 19 години помлада девојка Мелиса Сутсуруп, а сега и првите фотографии од улиците на Рим, градот каде што кажаа „да“ еден на друг, се објавени.
Сандал и Мелиса се венчаа во главниот град на Италија, за почеток во турската амбасада во Рим, а веќе најавија дека нивната прослава ќе трае малку подолго отколку што сме навикнати.
View this post on Instagram
Младенците сега ја објавија првата серија фотографии, а по тој повод Мелис напиша:
„Од каде да почнам, како да те опишам… Има само една работа што има смисла кога ќе се стави во реченица ‘Ние’. Мило ми е што си мојот партнер во животот и на ова патување. Мојата единствена желба е да траеме вечно“.
View this post on Instagram
Парот позирал држејќи се за раце, а насмевката не ја симнувале од нивните лица.
За оваа прилика младоженецот избрал класичен црно-бел костум со црна вратоврска, додека невестата по разменетите завети се пресоблекла во краток бел фустан со реси и детали од тантела.

Во рамките на нивната венчавка, двојката на 11 јуни ќе организира прослава во луксузниот хотел Мармарис, а потоа за нивните гости е планиран свечен ручек.
Мустафа и Мелис се верија на почетокот на годинава, поточно во февруари, а среќната вест ја прославија со семејството. Сандал е познат и по бракот со пејачката Емина Јаховиќ, кој траеше 10 години, а од кој добија два сина Јаман и Јавуз.



