Испливаа нови детали од трагедијата на снимањето, Болдвин сподели сè!

Актерот Алек Болдвин ја застрела и уби директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза да време на снимањето на филмот „Rust“.

Сега се појавија нови информации, кои ги открила Тереза Дејвис, со која соработувал Алек на споменатото остварување. Болдвин на својт Инстаграм профил ги споделил сите нејзини преписки.

Google search engine

„Истрелите беа случајни празнења, кои многу почесто се случуваат отколку што мислите. Да, постои разлика. Пиштолите беа веднаш проверени по пукањето и случајните празнења беа констатирани на лице место. Испратено беше извинување, бев тука кога се случи тоа“, изјавила меѓу останатото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

„Имавме многу состаноци за безбедноста на снимањето. Понекогаш повеќе од еден во текот на денот. Очигледно се случила грешка тој ден, тој што е одговорен за ова, кој беше задолжен за тие работи, го направи тоа што го направи. Мојата пријателка е мртва. Дали сум лута на одговорниот за безбедноста на сетот? Да. Но, не сакам да се преправам дека тој не се грижеше за нашата безбедност во остатокот од времето што го поминавме на снимањето“, додала таа, додека Болдвин кратко навел:

„Прочитајте го ова“.