Минатиот викенд се одржа 66-то финале на Евровизија, на кое му претходеа две полуфиналиња, од кои Констракта и нашата Андреа настапија во второто полуфинале.
Констракта ѝ обезбеди на Србија влез во финале на Евровизија, а после финалната вечер пристигнале резултатите од гласањето во полуфиналето.
Констракта во второто полуфинале заврши на 3-то место.
Според гласањето на публиката имала најмногу поени, односно истиот број на бодови како претставничката на Шведска, 174 и тие две заедно биле на првата позиција.
Според бодовите на жирито во второто полуфинале, на прво место била Шведска (222), а после неа била Австралија (169 поени). Констракта од жирито добила 63 бодови, а жирито на полуфиналето пред неа ги ставило и Естонија, Белгија, Чешка и Азербејџан.
Покрај големата разлика во гласовите од жирито и публиката во полуфиналето во случајот на Србија, ‘боде во очи’ и големата разлика во позиционирањето на Австралија. Жирито ја ставило на втората позиција во четвртокот, а публиката на осмо место.