„Исплива“ снимка од луда забава која го насмеа цел регион: Пејачката ги забавувала гостите качена…..во багер

Видео од една „балканска“ забава стана вистински хит на социјалните мрежи.

Оригинално, снимката е објавена на профилот „Подгорички времеплов“, меѓутоа не е познато ни кога ни каде е истата направена. Некои корисници на социјалните мрежи наведуваат дека интересната прослава се случила во Србија, но не може со сигурност да се каже точно каде се одвивала таа.

Google search engine

 

На видеото се гледа како на долга маса во хангар, група мажи уживаат во храната и пијалаците, додека над нив се движи лажица од багер во која седи пејачка и пее турбофолк песни.

Како што и се очекува, снимката предизвика бројни реакции, но за повеќето целата ситуација е смешна.

„Ова го има само на Балкан“, „Будалата останува будала“, „Кога ќе ја кренат главата кон пејачката помалку јадат, тактика на штедење“, се само дел од коментарите по повод ваквата забава.