Исплива шок снимка од Хантер во када, направена кратко по програмата за детоксикација! Синот на Бајден навали на дрога и алкохол

Наводната снимка од озлогласениот лаптоп на Хантер Бајден покажува како тој пуши дрога и пие гол за време на програма за детоксикација само неколку недели откако неговиот татко му дал илјадници долари за програмата.

Хантер Бајден (52), се чини дека се снимал во сега веќе непостоечката Blue Water Wellness во Њуберипорт, Масачусетс на 30 јануари 2019 година, според текстуалните пораки прегледани од Дејли Меил.

Реклама

Хантер Бајден се пожалил на своите финансиски проблеми, вклучително и алиментација, рехабилитација и школарина за своите деца, во СМС порака до својот татко од 5 декември 2018 година.

Џо Бајден, кој неколку месеци подоцна ја потврдил својата претседателска кандидатура, следниот ден на својот син му испратил порака, велејќи: „Денеска се испратени 75“.

 

Џо Бајден, на 2 јануари, 2019 година, на Хантер му рекол дека некому ќе му испрати 20.000 долари на банкарска сметка, за тримесечна програма за детоксикација во Њујорк.

Меѓутоа, подоцна истиот месец Хантер Бајден наместо тоа го посетил велнес центарот во Масачусетс, покажува видеото.

Видео снимката е направена со мобилен телефон, а пронајдена е во неговиот лап топ.

Отприлика во исто време во јануари 2019 година, Хантер Бајден ѝ испратил порака на жена на руска емаил адреса за да испрати пари без да предизвика сомневање во банка, според доказите со СМС-пораки кои ги собрал Конгресот.

Реклама