Приватното село од 87 типски луксузни вили кои ќе се продаваат од 220.000 до 300.000 евра прв го замислил еден од најбогатите луѓе во Албанија. Тој бил и газда на најугледниот хотел во Маврово Леуново. Тој прв ги рушел административните бариери за следниот сопственик да започне со реализацијата. Новиот косовски стопанственик е омразен кај еколошките активисти поради неговите зделки со малите хидроелектрани во Косово. Планот започнал со ВМРО-ДПМНЕ, продолжил и се продлабочил со СДСМ, а од зделката ќариле и кадри на ДУИ.
Најавите за изградба на село „Радика“ со 87 луксузни вили ќе предизвика тревога кај еколошките активисти и кај локалните сопственици на викендици во јули годинава. Државниот инспекторат за животна средина ќе открие дека планираните објекти навлегуваат 50 метри во заштитената зона, но и дека ќе ја загрозат акумулацијата на Мавровското езеро. ИРЛ открива дека првите одобренија за градба се дадени уште во 2017 неколку дена пред локалните избори. Со смената на власта во Маврово одобрени се уште повеќе маркици, а актуелниот градоначалник непосредно пред изборите наплатил комуналии за уште 22 објекта од предвидените 87, сето тоа во времето кога инспекторите носеа решение за уривање на 9 објекти. Пребарувањето низ јавните списи во Македонија и во Албанија ќе не’ доведе до еден од најбогатите луѓе во Албанија и креаторот на идејата за приватното село „Радика“ со 87 вили.
Транзицијата во Македонија неповратно ја прoмени земјата, а во овие промени влезе и начинот на којшто одмараат ниската и средната класа. Големиот дел на незаконито водени стечајни постапки ги осудија на тивка и конечна пропаст работничките одморалишта. Тие служеа за вработените и нивните семејства да се релаксираат по поволни цени.


Одморалишта често се наоѓаа на најатрактивните места во природата. Едно такво место е и денешниот хотел „Радика“ во Леуново, Маврово. Секоја инвестиција во локалната економија во еден пост-транзициски туристички центар би била дочекана со аплауз. Така беше и во 2008 година кога ќе станат видливи првите резултати од реконструкцијата и реновирањето на старото одморалиште на скопска „Железара“.
Повеќе прочитајте на IRL.mk.