Интересни факти за светската популација: Секој трет човек живее во Кина или Индија, каде има најстаро а каде најмладо население…

Светскиот економски форум (WEF) издвои шест факти за населението во светот.

Азија е дом на 60 проценти од светската популација. Секој трет човек живее во Кина или Индија.

Google search engine

Просечната возраст на жените е 75 години, додека просечната возраст на мажите е 71 година. Од 2000 година, просечниот животен век е продолжен за шест години.

Јапонија има најстаро население во светот. Просечната возраст на жителите на оваа земја е 45,9 години.

Нигер има најмлада популација, а просечната возраст на населението во оваа држава е 15,2 години. Сите 10 земји со најмладо население во светот се африкански земји.

85% од децата на возраст под 16 години се во училиште.

Во моментов живеат 7,88 милијарди луѓе во светот. Глобалното население расте годишно за 1,1 процент.

Се проценува дека на Земјата ќе има 8,5 милијарди жители до 2030 година, а 9,7 милијарди до 2050 година.

Светскиот економски форум ги презема овие информации од World Population Review и од Обединетите нации (ООН).

ПретходнаНе ги фрлајте семките од лубеницата: Не сте ни свесни какво дејство имаат на организмот
СледнаМеркел во посета на најпогодените oбласти: Во јазикот немаме зборови со кои може да се опише ова уништување