Интересна табела: Проверете која вакцина против КОВИД-19 е најефикасна?

Податоци за тоа какви се точните разлики помеѓу вакцините против КОВИД-19 и колку е ефикасна секоја вакцина и под кои услови, се пишуваше секој ден во последните месеци. Но, во еден куп податоци и споредби, тешко е да се процени точно која вакцина е најефикасна.

Инфектиолог од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, Моника Ганди на својот профил на Твитер објави табела во која се споредуваат податоците за шесте најпознати вакцини против КОВИД-19. Како што призна и самата, потрошила многу време за да ја направи таа табела.

Google search engine

Во табелата може да се пронајде кој механизмот на делување користи секоја вакцина, во колку дози се применува, на колку луѓе е тестирано, ефикасноста на заштитата од хоспитализација и смрт, колку е ефикасна против развој на потешка форма на болеста…

Како што истакна и самата, најважна е колона на заштита од смрт, што е 100 проценти за сите шест вакцини.

Image