Инстаграм профилот „Landgeist Maps“ неодамна сподели мапа на која е прикажано колку шеќер консумираат Европејците.
Она што може да ве изненади е тоа што Македонците се на врвот на листата од земјите во регионот кога станува збор за консумирање шеќер. Просечната потрошувачка на шеќер во Македонија е 36,7 килограми по лице.
Првото место го зазеде Белгија, каде просечниот внес на шеќер е 48,3 килограми по човек. Второто место го зазеде Полска со 45,7 килограми, а на трето е Малта со 43,8 килограми шеќер по лице.

Кога станува збор за земјите од регионот, на дното на листата е Босна и Херцеговина, со 18,3 килограми по лице, потоа Албанија со 18,6 килограми, Словенија со 19,4 килограми, Црна Гора со 21,2 килограми и Србија со 22,4 килограми шеќер по лице.
Хрватска е нешто повеќе од 10 килограми над другите земји во регионот со 33,8 килограми, но рекордот во регионот сè уште го држиме ние – како што рековме, со 36,7 килограми шеќер по лице.