Инспекција упадна во фабриката на “АстраЗенека”! Драма околу вакцината во Брисел, влегле во погонот да утврдат што се случува

Белгиските власти по сугестија на Европската комисија пратиле инспекција во фабриката “Астра Зенека”.

Инспекцијата отишла во локалната белгиска фабрика за вакцина против коронавирус, за наводно да утврди дали “навистина технички проблеми довеле до намалување на испораката” или станува збор за праќање на вакцини во други држави.

Google search engine

Властите во Белгија направиле инспекција во фабриката, а точната причина се уште се утврдува.

Од управата тврдат дека до застојот дошло поради проблеми во производството.

“AP” јавува дека Европската комисија ја повикала белгиската влада да прати инспекција во фабриката.

Медиумите пишуваат дека европските службеници се под голем притисок, а факт е дека вакцинацијата во некои земји се спроведува многу побрзо, додека некои воопшто не ни дошле до вакцината.

Моментално Израел се наоѓа меѓу земјите со најефикасен програм на имунизација на населението и ќе има повеќе дози од тоа што може да го употреби, додека земјите од ЕУ имаат голем проблем со набавката на вакцина, посебно откако двата главни доставувачи, “АстраЗенека” и “Фајзер”, најавиле одложување на нарачките.

Европската комисија неодамна објавила план со кој до лето е планирана вакцинација на 70 проценти од возрасното население на ЕУ, што сега се доведува во прашање.

“АстраЗенека” минатата недела објавила дека планира да ги намали своите претходно договорени испораки кон ЕУ од 80 на 31 милион дози вакцини.

Официјален Брисел смета дека намалената испорака на вакцината е последица на можни неограничени испораки на земји кои не се членки на ЕУ.

Фабриката во северниот дел на Велс, во коа се произведуваат вакцини против коронавирус на компанијата “АстраЗенека” неодамна била евакуирани поради сомнителен пакет кој пристигнал на адреса на фабриката.