Инфлуенсерка заврши со лисици на рацете поради потегот со популарниот знак Hollywood

Инфлуенсерката која што се прослави во 2019 година откако ги покажа своите гради во живо на натпревар по бејзбол, повторно заврши со лисици на рацете откако знакот „Холивуд“ го поправи во „Hollyboob“.

Џули Роуз и уште пет луѓе биле уапсени поради промена на легендарниот холивудски знак, а Роуз објавила и видео на социјалната мрежа Твитер.

Google search engine

Иако на видеото се гледа како ја приведуваат со лисици на рацете, „New York Post“ известува дека сите лица кои што биле вклучени во тоа обвинети биле само за прекршок, а потоа ослободени.

Роуз на популарниот знак, го ставила зборот „boob“.

Освен што повторно привлекла големо внимание, Роуз вели дека сето тоа го извела во знак на протест против Инстаграм поради тоа што ѝ ги блокирал профилите.

Инаку, Роуз е основач на дигиталниот магазин „ShagMag“, а за „Daily Mail“ изјавила дека ѝ е оневозможена работата поради голотијата, но наведува дека таа не прави ништо повеќе од тоа што „Playboy“ правел и додава дека се дискриминираат нејзините профили.

„Луѓе, конечно го поправив знакот Холивуд“, напишала таа покрај снимката која што предизвикала лавина реакции.