Инфлуенсерка се запалила додека снимила видео за Инстаграм

Инфлуенсерите Аби Квинен и Ејџеј Причард снимиле видео за Инстаграм при што предизвикале пожар, а таа претрпела изгореници од трет степен, пренесува „LADbible“.

Парот во јануари оваа година посакал на своите пријатели да им покаже трик со помош на кој можат да преполоват стаклено шише и така да го претворат во вазна.

Google search engine

Тоа се обиделе да го направат со виткање на јаже потопено во запалива течност околу шишето и го запалиле. Дошло до катастрофа: шишето експлодирало, а притоа пожарот го зафатил горниот дел од телото на Аби.

Портпаролот на парот потврдил дека дошло до инцидент и дека Аби завршил на операција.

„Аби беше подложна на операција и продолжува со лекување. Таа и Ејџеј не можат доволно да им се заблагодарат на лекарите и сестрите за неверојатната нега, внимание и стручност“, стои во официјалната изјава.

„The Sun“ наведува дека Ејџеј веднаш го изгаснал огинот на својата девојка и со брат му ја однеле во болница.

„Аби беше во шок и болки, но нејзиното момче веднаш реагираше и го изгасна огинот со мокар пешкир. И самиот беше преплашен, но направи сè што може“, наведува нивниот извор.