Инфлуенсерка ја покажала реалната слика: Целулит, опуштен стомак, стрии….

Фотографиите кои корисниците ги објавуваат на Инстаграм ретко ја претставуваат вистинската слика. Ретко кој е искрен, но и храбар да го покаже своето вистинско лице и ретко кој не користи Фотошоп за да ги сокрие своите маани.

Сите девојки на Инстаграм одеднаш имаат совршено тело, со совршени нозе и задник, рамен стомак, без стрии и целулит…

Google search engine

Меѓутоа, инфлуенсерката Џорџи Кларк е една од оние кои имаат храброст да покажат како навистина изгледаат. Таа често објавува фотографии кои се обработени и фотографии кои покажуваат како таа реално изгледа.

Оваа Британка споделила токму таква фотографија пред неколку дена со своите 658.000 следбеници, со објаснување што сè е потребно за да изгледа како на левата фотографија.

Џорџи за потребите на таквата фотографија нашла најдобро светло, најласкав агол, стоела на прсти, го вовлекла стомакот и позирала со задникот во неприродно издание. За втората фотографија едноставно се опуштила и се насмеала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgie Clarke (@georgie.clarke)

„Во рок од една минута, а двете фотографии се за на Инстаграм. Од лева страна позирам, а од десна сум опуштена. И двете фотографии се прекрасни и двете треба да се споделат на оваа платформа. Оваа споредба ви покажува дека некој кој умее да позира може да ја постигне левата фотографија, но во реалноста, кога е опуштен, изгледа како на десната фотографија“, напишала Кларк под објавата.

„Верувам дека и двете фотографии го покажуваат моето вистинско лице. Сакам да правам убави фотографии, но исто така сакам да ви ја покажам вистината и реалноста која стои зад „совршените објави“. Нормализирајте ги нормалните тела“, заклучила инфлуенсерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgie Clarke (@georgie.clarke)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgie Clarke (@georgie.clarke)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgie Clarke (@georgie.clarke)