Инфлацијата не запира, во октомври се искачи на 19,8 %

Во однос на септември годинава трошоците на животот во октомври пораснале за 1,4, а цените на мало забележале раст од 0,6%, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата, која се искажува преку порастот на трошоците за живот, во октомври се искачи на ново рекордно ниво од 19,8 на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Tрошоците на животот во октомври годинава во однос на октомври лани се зголемени за 19,8%, а индексот на цени на мало за 15,4%. Во однос на септември годинава, пак, трошоците на животот пораснале за 1,4%, а цените на мало забележале пад од 0,6%, соопшти Државниот завод за статистика.

Google search engine

Најголем пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година во споредба со истиот месец лани, е забележан кај храната од 31,2%. Гледано по групи на прехранбени производи најголем раст има кај лебот од дури 47,7%, млекото и млечните производи од 40,7%, маслото за јадење од 40,3%, месото од 28,6% и зеленчукот од 22,4%.

Индексите на трошоците на живот за домување, вода, електрика и гас е зголемен за 19,8%, при што најголем раст од 42,6% има кај течните горива, кај цврстите горива од 38,5%, топлинската енергија од 30,1%, гасот од 24,8%, електричата енергија од 20,2%.

- АУДИО РЕКЛАМА -