Старлетата Кортни Стоден, му рекла ‘Да’ на партнерот со кој во последните 2 години е во турбулентна врска.
Таа е позната по врската со Даг Хачинсон, а јавноста пред 10 години ја шокираше веста дека тогаш 50-годишниот лик од серијата „Досие Х“ – ја оженил, Кортни на 16 годинишна возраст.
Ѕвездата на хит серијата, но и филмот „Зелена милја“, ја оженил малолетничката откако родителите на Кортни дале дозвола да се венча за 34 години постариот маж. Официјално се разделиле пред две години, а сега Кортни повторно ќе се венча.
View this post on Instagram
Старлетата на социјалните мрежи објавила дека се венча за Крис Шенг (41), бизнисмен со кој е во врска две години и со кој неколкупати досега раскинувала.
„Пресреќна сум, само што не повратив кога видов колкав е прстенот“, рекла таа.
Кортни Стоден за време на бракот со Даг Хачинсон во бизарни интервјуа признаваа дека го нарекува ‘татенце’, а парот пред пет години доживеал трагедија – Кортни го загубила бебето во петтиот месец од бременоста, после што почнале проблемите во бракот, кои резултирале со развод.
