Илузијата која го „излуде“ светот: „Телепортирал“ луѓе среде улица, па сега сите би сакале да дознаат како

Шпанскиот илузионист Антонио Дијаз, попознат по неговото уметничко име Ел Маго Поп, извел неверојатен перформанс во Њујорк.

Доколку не сте запознаени со неговата работа, треба да знаете дека во 2016 година станал најплатениот илузионист во Европа, со заработка проценета 250 милиони евра.

Google search engine

Дијаз овој пат одлучил да ги „телепортира“ луѓето на сред улица, а за својот потфат подготвил посебна справа.

Во една стаклена кутија ставил четворица луѓе, а потоа ги „префрлил“ во друга кутија! Публиката била воодушевена, како и корисниците на социјалните мрежи, а сега сите се натпреварувале кој прв ќе сфати како овој трик бил изведен.

Во „морето“ теории, најверојатно е следново – луѓето не биле избрани по случаен избор, туку станувало збор за соработници на Дијаз, а превезите на очи служеле да го одвлечат вниманието на публиката од нивните лица.

Кога се подигнале завесите, соработниците „исчезнале“ на дното на кутијата (која не била толку плитка како што изгледала), додека останатите четворица „излегле“ од истиот простор на 20 метри подалеку.

Звучи едноставно, нели?

На крајот, илузионистите ги планираат своите трикови за да ја забавуваат публиката, затоа не барајте решение – едноставно препуштете се на магијата.