Илон Маск за вонземјаните: „Не би се изненадил“

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, вели дека досега не видел доказ за постоење на вонземјани, но верува дека универзумот би можел да биде полн со „мртви цивилизации“.

Шефот на SpaceX, Илон Маск учествуваше во интересна дискусија на апликацијата за гласовен разговор Clubhouse, откривајќи ги неговите размислувања за постоењето на вонземски цивилизации.

Google search engine

Маск рече дека иако има такви кои тврдат дека има некаква свест надвор од Марс, тој е прилично сигурен дека би знаел за такво нешто, доколку е вистина.

Не видов ништо што укажува на постоење на било каква вонземска цивилизација. Јас би бил првиот што би се спуштил на таа вест во секунда, но не видов никаков доказ, вели Маск.

Како и да е, тој верува дека е можно да постојат вонземски цивилизации кои некогаш цветале на други планети, но не успеале да ја достигнат технологијата за патување во вселената или згаснале пред да ја развијат таа технологија.

Не би бил изненаден ако некаде во нашата галаксија и другите галаксии има многу мртви цивилизации … кои напредувале некое време, но потоа постепено пропаѓале, објаснува Маск.

Маск прави паралела со античките копнени цивилизации кои оттогаш изумреле, како што се египетските, сумерските и вавилонските, за да објасни зошто размислува за можноста за мноштво мртви цивилизации насекаде во вселената.

Запрашан за сведочењата за НЛО и дали смета дека треба да размислуваме за вонземјани, Маск вели дека веројатноста дека станува збор за настани предизвикани од човечко дејствие или дека има природно објаснување за нив е многу поголема отколку што овие настани имаат вонземско потекло.

Слушај пријателе, резолуцијата на фотографиите треба да биде прилично добра. Не можеме да го имаме тоа “с**ње” од чудовиште од Лох Нес… најмалку ни треба слика со квалитет на iPhone 6, вели Маск.

- АУДИО РЕКЛАМА -