Популарниот актер Џони Деп и поранешната сопруга Амбер Херд се во центарот на светското внимание поради судскиот спор којшто го водат, а ситуацијата дополнително ја „зачини“ светскиот маг Илон Маск.
Сето ова не би било интересно доколку Илон не е поранешен партнер на Амбер Херд, а мултимилионерот на Твитер го искажал својот став.
„Се надевам дека и двајцата можат да продолжат понатаму. Во своите најдобри изданија, и двајцата се неверојатни луѓе“, напишал Илон во објавата.

Не се знае кога Маск ја започнал врската со Амбер, но Џони Деп е видно груб кон него, обвинувајќи го дека во неговата куќа имал тројка со Амбер и Кара Делевињ. Херд во тој период не била венчана за Џони Деп.
Маск исто така станал тема во текот на судењето кога поранешниот агент на Деп, Кристијан Карино бил повикан како сведок.
Кристијан, кој претходно бил верен со Лејди Гага, бил прашал дали Маск и Херд биле во врска во 2016 година.
„Не знам дали излегувале, но дефинитивно поминаа некое време заедно“, изјави Кристијан.
Да ве потсетиме, Амбер Херд го обвини Џони Деп дека сексуaлно ја злоупотребувал, а неодамна изнесе морничави детали.

„Лежев на работна површина. Мислев дека ме удира. Чувствував огромен притисок на интимните делови и како неговата рака се движи. Се плашев да мрднам затоа што не знаев дали шишето можеби е скршено“, додала актерката и почнала да плаче.