Икеа го искористи пензионирањето на Ангела Меркел за своја промоција: “Конечно дома”

Со оглед на тоа дека Олаф Шолц официјално е прогласен за наследник на Ангела Меркел на позицијата на германски државен канцелар, многумина се одлучиле да се збогуваат од политичарката, каде посебно се истакна Икеа, шведската компанија за малопродажба за мебел.

За да го одбележи нејзиното заминување, Икеа ѝ оддаде чест на канцеларката со реклама која се појави во два германски магазини Suddeutsche Zeitung и Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Google search engine

Во рекламата е прикажана жена која неодоливо потсетува на поранешната канцеларка, удобно сместена во фотелја додека ги држи рацете прекрстени – што е препознатливата поза на Ангела.

“Конечно дома”, пишува во огласот кој алудира на пензијата на Меркел, а изгледа дека дизајнерите на Икеа сметале дека политичарката после 16 години работа сега конечно има време да се одмара дома.

Појавата на Ангела Меркел е дискретна, но одлично се совпаѓа со нејзиното заминување од службената должност.

Рекламата на Икеа набрзо се појавила на социјалните мрежи, а корисниците во коментари истакнуваат дека лесно може да ја замислат политичарката како ги изговара токму тие зборови.

- АУДИО РЕКЛАМА -