Некогашниот дефанзивец морал да ја заврши кариерата поради честите повреди, но пронашол исплатливо хоби.
Поради кинење на лигаментите Езикијел Гарај побарал од Валенсија да го отпушти во февруари 2020-та година, за да можат да доведат некој друг играч на негово место. Од тогаш не се вратил на терените, а многумина се прашувале што се случува со неговиот живот и какви му се понатамошните планови.
View this post on Instagram
Некогашниот репрезентативец на Аргентина, кој играл и на финалето на светското првенство во 2014-та година, пред година и пол започнал бизнис кој нема никаква врска со фудбалот и кој веќе на почетокот му донел неколку милиони евра.
Дефанзивецот кој во кариерата ги носел дресовите не Њуелс, Расинг, Реал Мадрид, Бенфика, Зенит и Валенсија останал да живее во градот во кој ја завршил кариерата. Во околината на Валенсија сега се занимава со изградба на станови, а неговите луксузни станови во комплексот “Гаргор” имаат одлична цена.
View this post on Instagram
Иако е на самиот почеток на бизнисот со недвижнини и планира да продолжи да гради, веќе заработил повеќе од 7,5 милиони евра. Продал 15 станови чија цена не е под половина милион, па по играчката кариера која била прилично успешна, на неговата сметка легнуваат огромни количини на пари.
За неговиот деловен потфат веднаш се огласила неговата атрактивна сопруга Тамара Горо.
View this post on Instagram
“Уште еднаш ти честитам на проектот. Знам дека долго работеше и сонуваше за ова. Го заслужи успехот. Се гордееме со тебе и те сакаме”, напишала Тамара под фотографија од својот сопруг.