Играл 8 години за Ливерпул, сега чисти тоалети, точи пиво и тетовира луѓе

Ако за некој поранешен фудбалер можеме да кажеме дека во “пензија” води интересен живот, тогаш тоа секако е некогаш дефанзивец на Ливерпул, Даниел Агер.

Данецот дресот на популарните “Редси” го носел од 2006-та до 2014-та година, а во март станал тренер на данскиот второлигаш Коге. Меѓутоа, тоа не му е единствената работа со оглед на тоа дека во меѓувреме инвестирал на сите страни.

Google search engine

Така, Агер, заедно со братот Марк, отворил компанија која се занимава со чистење на тоалети. Медиумите пишуваат дека вложил околу половина милион евра и дека “KloAgger” моментално е една од водечките компании во Данска кога станува збор за оваа работа.

Тоа не е се, бидејќи Агер неодамна купил и студио за тетовирање. Во меѓувреме добил сертификат и станал уметник за тетовирање, што значи дека можете да одите кај него и да побарате токму тој со игла да црта по вашето тело. Покрај тоа, Агер поседува и два пабови во Копенхаген и од време на време може да се види како им точи пиво на гостите.

За Ливерпул одиграл 232 натпревари и во 2014-та година се вратил во Брондби, каде во 2016-та година ја завршил професионалната кариера. Во Коге е тренер-играч, но со своите 37 години и проблеми со повредите не може многу да помогне, па поголем дел од времето минува на клупа.

ПретходнаГолем пожар во психијатриска болница во Јапонија, загинаа 27 лица (Видео)
СледнаЧајот од оваа билка е еликсир за целото тело: Ослободува од стрес и несоница, го подобрува варењето и е моќен антиоксидант