Играчки кои ги одбележаа 80-те години: Од „Game Boy“ до омилените кукли на „Југопластика“

Почнувајќи од легендарниот „Game Boy“, „Nintendo“ преку игрите „Super Mario“ па до омилените кукли на „Југопластика“ – сите овие играчки го одбележаа периодот на растење во Југославија во 80-те години на минатиот век.

Фотографиите кои се објавени во Фејсбук групата „Ретротека“ прикажуваат некои од предметите кои беа составен дел од детството на малите деца од тој период.

Google search engine

Играчките ги произведуваа компании како „Југопластика“, „Механотехника Изола“ и „Бисерка“ од Загреб, во кои рачно се сликаа предметите наменети за деца.

Некои од овие фабрики се затворени, меѓутоа нивните играчки беа овековечени на изложбата во Етнографскиот музеј во Загреб, која се организираше ова лето.

Џамлии, Мики Маус, Шиљо и многу други играчки можеа да се најдат во секое домаќинство, а колекционерите денес за некои од примероците издвојуваат големи суми на пари.

 

- АУДИО РЕКЛАМА -