Идентични близнаци спровеле експеримент: Едниот јадел само веганска храна, а другиот бил месојад – ова се нивните резултати

Браќата близнаци Хуго и Рос Тарнер спровеле експеримент во кој едниот од нив јадел само веганска храна, а другиот бил месојад.

Како што пренесува „BBC“, двајцата биле 12 недели на вакви режими на исхрана, за потребите на студија која ја спроведувал Кралскиот колеџ во Лондон, а во тој период и двајцата внесувале иста количина на калории на дневно ниво. Дури и заедно оделе во теретана, имале исти тренинзи, само што Хуго ги исфрлил месото и млечните производи од исхраната, додека Рос уживал во тие намирници.

Google search engine

Хуго вели дека на почетокот не му било лесно да се навикне на исхраната од растително потекло, но набрзо почувствувал дека има поголема енергија.

„Бев на веганска исхрана и на почетокот не ми беше лесно. Мислам дека во првите неколку недели многу копнеев по месо, млечни производи и сирење. Обожувам сирење. Морав да јадам овошје и јаткасти плодови и алтернативи кои во себе немаат млечни состојки. Јадев многу повеќе цели намирници, што значи дека нивото на шеќер во крвта ми беше доста стабилно во текот на целиот ден. Имав многу повеќе енергија“, раскажал Хуго.

Од друга страна, неговиот брат близнак кој јадел месо и млечни производи вели дека енергијата му варирала. Исто така, споредувајќи ја исхраната со таа на Хуго, сфатил колку всушност консумирал обработени намирници.

До крајот на 12-та недела од студијата, утврдиле дека нивните начини на исхрана „сепак не направиле голема разлика“. Меѓутоа, кај Хуго било забележано намалено ниво на холестерол, а исто така ослабнал и ја подобрил својата отпорност на дијабетес тип 2.

На почетокот на диетата, тој имал 83,8 килограми и 13 отсто телесни масти. До крајот на 12-та недела тежел 81,9 килограми и имал 12 отсто масти. Според извештајот, и неговиот брат исто така имал 13 отсто телесни масти на почетокот, но во текот на експериментот ја зголемил мускулната маса за 4,5 килограми, а добил и масти. На крајот имал 15 отсто телесни масти и бил тежок 85,7 килограми.