Ибрахимовиќ обвинуван дека ги прекршил мерките во ресторан? (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ ќе сака што побрзо да ги заборави изминатите денови.
Легендарниот напаѓач доби црвен картон во победата на Милан на гостувањето кај Парма и ќе пропушти барем еден следен натпревар во првенството.

Италијанските медиуми кратко потоа објавија фотографија од ресторан каде популарниот Ибра беше со друштво. Наводно, неговиот пријател го отворил ресторанот во Милано исклучиво за него, но останува нејасно како можело да им се случи некој да успее да ги фотографира.

Google search engine

Во најголем дел, Ибрахимовиќ сега се соочува со обвинение дека ги прекршил ковид правилата затоа што тој ресторан ниту смеел да работи, ниту тој и друштвото држеле соодветно растојание, ниту пак носеле маски во затворено.

Serie A: Ibrahimovic breaches coronavirus restrictions in Milan | Marca

Од клубот Милан не сакааат да коментираат, не сака на кој било начин да му замерат на Ибра, со кого во моментов се во преговори за продолжување на договорот за уште една сезона.

„Само мали детали недостасуваат, ние сме многу блиску до договор“, рече техничкиот директор Паоло Малдини.