Даниел Крег, 50 Цент и Сајмон Кауел се некои од славните богаташи кои не планираат на своите деца да им остават никакво наследство, а секој од нив за тоа има сопствени причини.
Не е невообичаено децата на славните и богатите родители цел живот да живеат лесен живот на нивна сметка, но постојат и исклучоци.
Така, на пример, Марлон Брандо, Шон Конери, Кирк Даглас и Филип Сејмур Хофман на своите деца по смртта не им оставиле ни денар, иако секој од нив во животот стекнал вистинско богатство, и тоа во главно за да ги мотивираат самите да заработуваат за живот, а по таа филозофија се водат и други познати богаташи.
Во продолжение ви пренесуваме листа на ѕвезди кои на сметките имаат милиони, но не планираат да им ги остават на своите деца, а познато е и кои се нивните причини за таквата одлука.
Даниел Крег
Богатството на актерот кој ја толкуваше улогата на агентот 007 се проценува на околу 160 милиони долари, од кои повеќето ги стекнал играјќи го Џејмс Бонд. Но, неговите две ќерки веројатно нема да добијат ни цент од тоа. Даниел пораснал во сиромашно семејство, татко му бил морнар, а мајка му наставничка, па верува дека секој сам треба да заработува за живот.

50 Цент
Спорот меѓу раперот и неговиот син Маркис е тема која веќе долго време се провлекува низ медиумите. Никогаш не изградиле однос и раперот наводно нема никакви татковски чувства кој синот, а кога одлучил јавно да објави нивна приватна преписка, му се заканил дека ќе го избрише од тестаментот. Според последните податоци, 50 Цент на својата сметка во банка има околу 52 милиони долари.

Сајмон Кауел
Музичкиот могул кој ги продуцира емисиите Икс Фактор, Американски Идол и Америка Има Талент исто така не планира да им остави ништо на своите деца. Кауел тврди дека на децата треба да им се посвети време и да им се пренесе знаење, а во идејата за наследство не верува и вели дека попрво своите пари би ги донирал во хуманитарни здруженија за помош на деца и кучиња.

Ендру Лојд Вебер
Славниот британски композитор кој ги напишал Фантом опера, Мачки и многу други познати мјузикли во текот на кариерата заработил повеќе од милијарда долари. Сепак, ниедно од неговите пет деца од тоа нема да добијат ни цент бидејќи Вебер верува дека секој треба сам да се финансира.
„Тука не станува збор за работна етика. Воопшто не верувам во наследување на пари. Не го поддржувам тоа децата одеднаш да добијат многу пари бидејќи тогаш нема да имаат мотивација за работа“, смета композиторот.
Лорен Пауел Џонс
Вдовицата на основачот на „Apple“, Стив Џобс, ќе се држи до планот на својот сопругот и на своите деца нема да им остави наследство. Наместо тоа, богатството одговорно ќе го распредели и инвестира во компании кои го менуваат светот, а со тоа веќе и почнала.
