И вака можело: Фудбалер од Њукасл на заем во Вождовац !

Фудбалскиот клуб Вождовац ги засили своите редови со Перуанецот Родриго Вилка, кој до крајот на сезоната ќе настапува за српскиот тим како позајмен играч од англиски Њукасл.

Станува збор за 24-годишен играч од средниот ред, кој кариерата ја започна во Депортиво Мунисипал, а во октомври 2020 година се пресели во Њукасл.

Google search engine

После тоа беше на позајмица во Донкастер и перуанскиот Универзитерио, за кого настапуваше минатата сезона.