И тоа дочекавме: Македонија нема да настапува на „Евровизија 2023“

Македонија нема да учествува на Евровизија 2023 година,  потврдил за ММС директорот на Македонската радио телевизија, Марјан Цветковски.

Да, да нема да учествуваме на Евровизија. Не сме платиле котизација. Најголем проблем се струјата и големите трошоци, кои ќе ги предизвика патувањето и престојот во Велика Британија. Поради оваа состојба скратени се сите трошоци, па така и овие кои требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја, изјави за ММС, Цветковски.

Google search engine

Од 1991 година до денес не сме учествувале неколку пати поради неисполнување на пропозициите на ЕБУ или не сме успеале да влеземе во финале, па според правилата, сме правеле пауза.

Ова е прв пат сами да се откажеме.

- АУДИО РЕКЛАМА -