И Роналдо не може да наточи гориво: Чекал 7 часа на бензинска пумпа но попусто

Кристијано Роналдо има проблеми како и илјадници други Британци, шоферот и обезбедувањето на ЦР7 синоќа дремеле со часови на бензинска, но немале среќа да наточат гориво и си заминале.

Велика Британија се соочува со проблеми, на бензинските има долги редици поради недостаток на гориво и панично купување. На мака се сите, исклучок нема ниту за фудбалските ѕвезди, односно најголемата, Кристијано Роналдо.

Google search engine

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека шоферот на ЦР7 синоќа дремел 7 часа на бензинска на Шел со надеж дека ќе дојде цистерна и тој ќе може да наточи гориво. Но откако немало абер за пристигнување на цистер, шоферот влегол во Бентлито вредно околу 200.000 фунти и си заминал.

Друштво му правеле луѓето од обезбедувањето со Рејнџ Ровер, кои исто така останале со празни раце.

„Џабе му се парите на Роналдо, се наоѓа во иста ситуација како и сите нас. Луѓето од обезбедувањето со часови чекаа, се надеваа но на крајот мораа да се помират. Двајата беа прилично лути што мораа да дремат на дождот“ – вели извор за Сан.