Едно видео на Тик-Ток привлече големо внимание кај корисниците, а на него се гледа како млада девојка со своето куче проси по улиците на Белград. Нејзе и приоѓа тиктокер, кој во својот експеримент барал милостина и од минувачите и ја прашува колку заработува дневно.
– Околу 2.000 динари. Кнез е полн, нè има многу, и тие што играат и тие што седат како мене – признава таа.
– Не заработувам многу – додава таа во разговорот.
На крајот, тиктокерот и ги дал парите што ги „заработил“, а коментарите само продолжуваат. Од оние кои го пофалија овој гест, до онаа познатата „зошто не прави нешто?“.
Погледнете го видеото:
@stevke_♬ original sound – stevke01