И ноќните клубови ги „тресе“ крипто-грозница: Лидерите велат дека биткоинот е подобар и од златото…

Вредноста на биткоинот можеби вчера драстично се намали, но сепак сè повеќе влегува во порите на глобалното општество.

Имено, метежот на „Miami Bitcoin“ конвенцијата ги погодил и клубовите во текот на викендот.

Реклама

Во саботата раперот Џи-Изи настапувал во популарниот ноќен клуб „E11EVEN“ пред публиката меѓу која се нашле и основачот на Твитер Џек Дорси и Еван Шпигел, заслужен за лансирањето на мрежата Снепчет.

Овој клуб е првото место за ноќен живот кој ги прифатил криптовалутите, а бил преполн со над 20.000 илјади учесници од конвенцијата, изјавил извор за „Page Six“.

Крипто-грозницата намамила уште некои познати луѓе, како што се јутјуберот Џејк Пол, поранешната кошаркарск ѕвезда Денис Родман, раперот Лили Бејби, Mаршмело, потоа Ларса Пипен, сопругата на НБА ѕвездата Скоти Пипеn.

Претходно оваа седмица, Парис Хилтон ја започнала биткоин конвенцијата на која зборувал и Дорси.

Од друга страна пак и некои други високи функционери од светот на хеџ фондовите се вртат кон биткоинот, сметајќи дека тој е подобар и од златото:

„Златото е добро, но биткоинот е подобар“, велат од „Skybridge Capitol“, компанија за управување со инвестиции коja јa основал Ентони Скарамуч.

Реклама