И Меси влегува во крипто светот: За 20 милиони долари ќе промовира крипто токени

Навивачките токени се вид на криптовалути кои на сопствениците ќе им овозможат гласање за во главно помали одлуки поврзани со нивните клубови.

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси потпишал договор вреден повеќе од 20 милиони долари за промовирање на компанијата “socios.com” за крипто токени за фанови.

Google search engine

Меси така им се приклучил на други спортски ѕвезди во крипто светот по НФЛ бекот Том Брејди и НБА ѕвездата Леброн Џемјс.

ПСЖ, чиј член Меси станал во август минатата година кога тој трансфер вклучувал и плаќање во криптовалути, и Аргентинецот ќе бидат вклучени во промотивната кампања за “Socios” пред Светското првенество во Катар, кое почнува во ноември.

“Socios” потпишал договори, вклучувајќи и создавање на токени, со повеќе од 130 спортски организации, вклучувајќи и низа врвни клубови како ПСЖ, Барселона, Јувентус и Манчестер Сити.

Навивачките токени се вид криптовалути кои на сопствениците ќе им овозможат гласање за во главно помали одлуки поврзани со нивните клубови.

Клубовите се повеќе ги гледаат токените како извор на нови приходи, но некои навивачи ги критикувале бидејќи нивното воведување го гледаат како површно учество, што ги зголемува веќе растечките трошоци за следење на нивните омилени екипи.

Брејди минатата година преземал неотркиен сопственички удел во платформата за размена на криптовалути “FTX Trading LTD” и станал амбасадор на компанијата.

И Леброн Џејмс најавил повеќегодишно партнерство со “Crypto.com”, компанија која неодамна потпишала спонзорски договор со ФИФА.