И Фајзер се приклучи на трката – испитува антивирусен орален лек против Ковид-19

Компанијата Фајзер денеска соопшти дека започнала студија на тестирање на свој орален антивирусен лек за превенција на инфекции со Ковид-19 помеѓу оние кои биле изложени на вирусот.

Фајзер и неговите ривали, вклучувајќи ја американската компанија „Merck & Co Inc“ и швајцарската фармацевтска компанија „Roche Holding AG“ се во трка за развој на првите антивирусни пилули против коронавирус.

Google search engine

Фајзер вели дека ќе го испита лекот „PF-07321332“ кај 2.660 здрави возрасни учесници на возраст од 18 и повеќе години кои живеат во исто домаќинство, како и кај поединци со потврдена симптоматска инфекција на Ковид-19.

При испитувањето би се тестирал лекот со ниска доза на ритонавир, постар лек кој широко се користи во комбинирани третмани за ХИВ инфекција.

„Merck“ и партнерот „Ridgeback Biotherapeutics“ претходно овој месец изјавија дека започнале да вклучуваат пациенти во доцна фаза од испитувањето на нивниот експериментален лек – молнупиравир, за превенција на инфекции предизвикани од Ковид-19.

Фајзер исто така претходно овој месец објави дека започнал испитување на „PF-07321332“ во средна или доцна фаза за лекување на Ковид-19 кај нехоспитализирани, симптоматски возрасни пациенти.